Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган на средбата со шпанскиот крал Фелипе Шести изјавил дека геноцидната политика на израелската Влада на палестинските територии треба да заврши што е можно поскоро.
Дирекцијата за комуникации на турското Претседателство соопшти дека на средбата во шпанската престолнина Мадрид се разговарало за билатералните односи, масакрите на Израел во Газа и регионалните и глобалните случувања.
Претседателот Ердоган изразил уверување дека односите меѓу Туркије и Шпанија дополнително ќе се развиваат и продлабочуваат.
Тој нагласил дека чекорите во сите области, од проширувањето на трговската размена меѓу Туркије и Шпанија до соработката во областа на одбранбената индустрија, ќе бидат од заемна корист.
Турскиот претседател рече дека треба што поскоро да се стави крај на геноцидната политика на израелската администрација на палестинските територии и дека многу се важни чекорите што Шпанија ги презема во тој поглед и поддршката што ѝ ја дава на Палестина.
Ердоган истакнал дека посилниот притисок од меѓународната заедница врз Израел може да ја отвори вратата за траен мир во регионот.
Ердоган рекол дека очекува кралот Фелипе да ја посети Туркије што е можно поскоро.
Претседателот Ердоган вчера пристигна во Шпанија за да присуствува на осмиот меѓувладин самит на двете земји, соопштија од неговиот кабинет.