нема да запре додека Туркије не ги постигне своите цели и не обезбеди мирен и просперитетен живот за идните генерации / Photo: AA

Визијата на земјата наречена „Столетието на Туркије“ претставува сеопфатен патоказ на нејзиниот напредок, изјави претседателот Туркије Реџеп Таип Ердоган. На 29 октомври Туркије ќе ја прослави јубилејната стогодишнина од основањето на Републиката.

„Додека го оставаме првиот век од нашата Република зад нас, пловиме кон нови хоризонти. Сакаме оваа важна годишнина да ја направиме почетна точка на сосема нова визија што ќе го одбележи нашиот следен век. Ова се нарекува Столетието на Туркије“, изјави Ердоган, кој минатиот викенд победи во вториот круг од претседателските избори и се избори за нов петгодишен мандат за шеф на државата.

Ердоган рече дека визијата „Столетието на Туркије“ е сеопфатен патоказ што ќе ја подигне неговата земја над нивото на современите цивилизации.

Тој во своето обраќање на собирот по повод 161-годишнината од формирањето на Турскиот ревизорски суд во Анкара, исто така, рече дека нема да запре додека Туркије не ги постигне своите цели и не обезбеди мирен и просперитетен живот за идните генерации.

„За ова, многу е важно да се воспостави хармонична соработка меѓу извршната, законодавната, судската власт и сите органи на државата“, додаде тој.

Ердоган ја истакна ефикасноста на претседателскиот систем на владеење, усвоен во Туркије во 2017 година, со цел Владата да работи непречено во координација.

Ердоган минатата година ја откри својата визија „Столетието на Туркије“, која вклучува низа програми, проекти и цели додека земјата се подготвува да ја одбележи својата 100-годишнина оваа есен.

AA
Популарни