Ердоган: Длабоко вкоренетите односи меѓу Туркије и Индонезија дополнително ќе се развиваат во следниот период / Photo: AA

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган денеска во телефонскиот разговор со новоизбраниот индонезиски претседател Прабово Субианто, ја истакна соработката со Индонезија изразувајќи надеж дека двете земји ќе соработуваат на сите полиња, особено во одбранбената индустрија.

Според соопштението објавено од Дирекцијата за комуникации, Ердоган и Субианто разговарале за билатералните односи меѓу Туркије и Индонезија, а турскиот лидер му честитал на Субианто за изборната победа.

Ердоган рече дека длабоко вкоренетите односи меѓу Туркије и Индонезија дополнително ќе се развиваат во следниот период и изрази очекување дека соработката на двете земји на сите полиња, особено во одбранбената индустрија, воените, комерцијалните и финансиските контакти, ќе се унапреди во рамките на на меѓусебната доверба и интересите на нацијата.

Ердоган, исто така, рече дека е важно да се продолжи со соработката со Индонезија за сите прашања кои се однесуваат на палестинската кауза и исламскиот свет и дека првиот состанок на Советот за стратешка соработка на високо ниво, формиран меѓу двете земји, треба да се одржи што е можно поскоро.

Дополнително, Ердоган и индонезискиот претседател Џоко Видодо разговараа за билатералните врски и глобалните прашања во неодамнешниот телефонски разговор.

Тие разговараа за неодамнешните избори во Индонезија, важноста од одржување на позитивен моментум во билатералните односи и потребата од зголемени напори за справување со глобалните предизвици со кои се соочува исламскиот свет, особено палестинската кауза.

За време на разговорите, Ердоган му го честиташе и на Субианто претстојниот муслимански празник Курбан Бајрам.

По претседателските избори во февруари, Прабово Субианто, официјално потврден како следен претседател на Индонезија, ќе ја преземе функцијата во октомври, наследувајќи го претседателот во заминување Џоко Видодо по преодниот период.

Популарни