Ердоган телефонски разговараше со израелскиот претседател Херцог / Photo: AA

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган синоќа телефонски разговараше со израелскиот претседател Исак Херцог за билатералните односи, соопшти Дирекцијата за комуникации.

Според соопштението издадено од турската Дирекција за комуникации, Херцог му го честитал на Ердоган претстојниот свет муслимански месец на постот Рамазан, додека пак Ердоган му го честитал на Херцог еврејскиот празник Пасха.

Заблагодарувајќи се на Израел за неговата солидарност и поддршката по минатомесечните разорни земјотреси во јужна Туркије, Ердоган, исто така, ја потврди решеноста на Анкара да ги зајакне односите.

„Ердоган понатаму ја пренесе својата длабока загриженост поради зголемените напади и акти на насилство на окупираниот Западен Брег“, се вели во соопштението.

Турскиот претседател ја нагласил важноста да не се дозволат провокации и закани против историскиот статус и духовноста на џамијата Ал Акса во окупираниот Источен Кудс (Источен Ерусалим).

Во соопштението, исто така, се истакнува дека Ердоган му се заблагодарил на Херцог за неговите напори да ја зачува смиреноста и статус кво ситуацијата.

TRT Balkan / агенции
Популарни