Ердоган телефонски разговараше со Путин / Photo: AA Archive

Претседателот на Република Туркије, Реџеп Таип Ердоган, телефонски разговараше со рускиот претседател Владимир Путин.

Дирекцијата за комуникации при Претседателството на Туркије соопшти дека Ердоган и Путин разговарале за ситуацијата со земјотресите во Туркије и за војната во Украина, која започна пред точно една година.

Ердоган му се заблагодари на Путин за неговата солидарност по разорните земјотреси на југот на Туркије.

Нагласувајќи дека треба да се воспостави праведен мир без понатамошна загуба на животи и разорувања во руско-украинската војна, Ердоган рече дека Анкара го поддржува заживувањето на истанбулската иницијатива.

TRT Balkan / агенции
Популарни