Ердоган телефонски разговараше со Зеленски / Photo: AA Archive

Претседателот на Туркије, Реџеп Таип Ердоган, оствари телефонски разговор со претседателот на Украина, Владимир Зеленски денеска кога се одбележува една година од војната што Русија ја започна во Украина.

Информацијата преку соопштение ја потврди Одделот за комуникации при турското Претседателство. Ердоган и Зеленски телефонски разговараа за земјотресите во Туркије и за настаните во врска со Руско-украинската војна која започна пред една година.

Според соопштеното, Ердоган упати благодарност до Зеленски за изразената солидарност со Туркије поради земјотресите кои ја погодија земјата.

Ердоган истакна дека Туркије е подготвена да даде секаков придонес во насока на осигурување примирје, изградба на решение врз основа на преговори и обликувањето на мирот во Руско-украинската војна, која ja одбележа првата годишнина.

AA
Популарни