Според Ердоган Туркије лансира стимулативен пакет во вредност од 5 милијарди долари за да го зголеми својот производствен капацитет во автомобилскиот сектор / Photo: AA

Туркије ќе насочи ресурси во вкупна вредност од 30 милијарди американски долари што се состојат од даночни олеснувања и грант поддршка за инвестиции во висока технологија, објави денеска турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган.

Говорејќи на церемонијата на откривање на Програмата за поттикнување на високата технологија (ХИТ-30) во Истанбул, тој рече дека Туркије има за цел да стане регионален производствен центар во капацитетот за производство на батерии и да понуди стимулативен пакет вреден 4,5 милијарди долари за инвеститорите.

Земјата според Ердоган исто така, лансира стимулативен пакет во вредност од 5 милијарди долари за да го зголеми својот производствен капацитет во автомобилскиот сектор на најмалку еден милион единици годишно.

За пет години како што рече тој Анкара ќе покрива половина од трошоците за персоналот на новите центри што ќе бидат основани во земјата од страна на најдобрите 1.000 компании во светот во однос на истражување и развој.

„Наша цел е да го поддржиме производството на критични компоненти и офшор турбини во енергијата на ветерот и да изградиме автохтона марка за енергија од ветер“, рече Ердоган.

Туркије како што истакна претседателот ќе обезбеди грант до 8.000 американски долари по мегават за инвестиции во ќелии со цел да се воспостави капацитет од 15 гигавати во сончевата енергија.

Владата според него го отворила патот за светските автомобилски компании и другите големи производители на возила да ги насочат своите инвестиции за електрични возила во Турција.

„Наша цел е да донесеме најмалку 20 милијарди американски долари инвестиции од приватниот сектор во нашата земја, што ќе придонесе многу за нашето развојно патување во областа на технологијата“, рече Ердоган.

TRT Balkan / агенции
Популарни