Туркије ќе продолжи да ги штити сите свои водни ресурси, кои се „најстратешките средства“ на следниот век, изјави турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган.
„Ќе продолжиме да работиме напорно за да ги заштитиме нашите водни ресурси, најстратешкото богатство на следниот век“, напиша Ердоган во твитот по повод Светскиот ден на водата.
Претседателот Ердоган истакна дека „Туркије за 21 година изградила „повеќе од двојно поголем број брани во историјата на Републиката“.
„За 21 година изградивме повеќе од двојно поголем број брани во историјата на Републиката, не прифативме ниту капка вода на нашата земја да оди на отпад“, истакна Ердоган.
Светски ден на водата
Одбележан секоја година на 22 март од 1993 година, овој ден се фокусира на важноста на управувањето со водите, подигање на свеста за 2,2 милијарди луѓе кои живеат без пристап до безбедна вода и потребата за акција за справување со глобалната криза со вода.
По повод Светскиот ден на водата, своја порака објави и првата дама на Турије, Емине Ердоган. Таа рече дека Туркије се соочува со ефектите од климатските промени и нивните болни последици како и сите други земји.
„Секоја катастрофа што ја доживуваме, за жал, не потсетува на вредноста и важноста на водата, нашиот извор на живот“, напиша таа на социјалната мрежа Твитер.
„Верувам дека ќе ја продолжиме нашата борба против климатските промени посилно од вчера“, додаде таа, нагласувајќи ја потребата да се заштити и зачува природата за идните генерации.