Претседателот на Република Туркије, Реџеп Таип Ердоган, изјави дека Туркије го зазема првото место во светот во давањето помош и поддршка на угнетените луѓе низ светот.     Фото: АА

Претседателот на Република Туркије, Реџеп Таип Ердоган, изјави дека Туркије го зазема првото место во светот во давањето помош и поддршка на угнетените луѓе низ светот.

„Ние сме на прво место во светот во помагањето на угнетените. Тоа не е ниту Америка, ниту Западот, туку ние сме на прво место“, рече Ердоган во обраќањето на свеченоста во Анкара, главниот град на Туркије.

Тој додаде дека Туркије, исто така денес е препознатлива во светот, не само по економијата, туку и по пристапот во решавањето на хуманитарните проблеми во голем број региони.

„Кога ќе се спомене Туркије, прво се помислува на земја која се истакнува по економијата, воените способности, како и по принципиелниот став во соочувањето со хуманитарните кризи“, рече турскиот претседател.

Ердоган со порака до Грција

Во своето обраќање Ердоган даде коментар и за односите со Грција.

„Премиерот на Грција побара помош од САД. Против кого? Против Туркије. Што и да направите, ние секогаш ќе го сториме она што е потребно, подготвени сме да го сториме тоа“, рече Ердоган.

„Иако изгледа како одвоена, ФЕТО воопшто не се разликува од ДЕАШ. Една со друга се сродни души“, истакна Ердоган.

AA
Популарни