Ердоган: Туркије го крева гласот против злосторствата во Газа од првиот ден / Photo: AA

Претседателот на Република Туркије, Реџеп Таип Ердоган на својот Х профил зборуваше за страшните злосторства на Израел во Појасот Газа и Либан, велејќи дека налогот за апсење издаден од Меѓународниот кривичен суд за Нетанјаху и Галант е многу важен.

„Како Туркије, нашата држава и нација, го креваме гласот против злосторствата во Газа уште од првиот ден. Подготвени сме да ги ставиме не само рацете под камен, туку и целото тело за да го запреме геноцидот во Газа и да го отвориме патот за траен мир“, изјави претседателот на Туркије на својот Х профил.

Претседателот на Туркије понатаму додаде дека „срцата на турскиот народ се повредени кога гледаме деца кои со часови чекаат ред со боси нозе на дожд и кал за чинија супа. Може ли некој со срце наместо камен во телото да молчи за таква трагедија?"

„Болката на угнетениот народ на Газа, Палестина и Либан е болка на сите нас; И така треба да биде. Согласувањето на угнетувањето е угнетување. Оној кој стои зад угнетувачот, исто така, го споделува неговото угнетување“, се вели во соопштението.

Ердоган рече дека Туркије е нација која ширум ги отворила вратите за сите кои биле подложени на угнетување низ историјата, било да се Евреи или христијани.

„Во нашите умови не се зема предвид ниту идентитетот на угнетените, ниту религијата на угнетувачите. Јас велам многу јасно: Ние сакаме и се надеваме дека оваа состојба на лудило, која нашите простори ги претвори во море од крв за точно 420 дена ќе завршат“, рече Ердоган и додаде:

„Во оваа смисла, сметаме дека налогот за апсење издаден од Меѓународниот кривичен суд за Нетанјаху и Галант е многу важен. Се надеваме дека примирјето постигнато еден ден претходно меѓу Израел и Либан исто така ќе биде трајно. Пред зимските услови на теренот да се заострат, пред да се пролее невина крв, пред повеќе мајки и татковци да ја почувствуваат болката поради губењето на своите деца, пред повеќе деца да станат сираци, пред дополнително да се поткопа довербата во меѓународните институции...“

„Накратко, пред човештвото, со своите институции и вредности, да изгуби уште повеќе тло под своите нозе, треба што поскоро да се воспостави одржлив прекин на огнот во Газа. Туркије тоа го бранеше од првиот ден, и таа е на истото место денес“, заклучи Ердоган.

AA
Популарни