Ердоган: Туркије го неутрализира водачот на ДЕАШ во Сирија / Photo: AA

За време на операцијата во Сирија, Туркије го неутрализира Абу ал Курејши, таканаречениот лидер на терористичката организација ДЕАШ, објави турскиот претседател Реџeп Таип Ердоган.

„Националната разузнавачка агенција (МИТ) долго време го следеше таканаречениот лидер на ДЕАШ, со кодно име Абу Хусеин ал Курајши. Ова е првпат да го кажувам ова. Лицето беше неутрализирано во операција спроведена од МИТ вчера“, рече Ердоган во интервју емитувано во живо на турската телевизија ТРТ Турк.

„Ќе ја продолжиме нашата борба против терористичките организации без никаква дискриминација“, додаде тој.

Во 2013 година, Туркије стана една од првите земји што ја прогласи ДЕАШ за терористичка организација.

Оттогаш, земјата беше нападната од терористичката група повеќе пати, при што загинаа над 300 луѓе, а стотици беа повредени во најмалку 10 самоубиствени бомбашки напади, седум бомбашки напади и четири вооружени напади.

Како одговор, Туркије започна антитерористички операции дома и во странство за да спречи понатамошни напади.

AA
Популарни