Средба на турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган со иранскиот колега Ебрахим Раиси во Техеран     Фото: АА

Анкара и Техеран треба солидарно да ја продолжат борбата против терористичките организации, изјави турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган.

„Терористичките организации ПЈАК, ПКК, ПЈД, ЈПГ и ФЕТО се проблем и за Туркије и за Иран. Ние мораме солидарно да ја продолжиме борбата против нив“, рече Ердоган за време на прес-конференцијата со иранскиот колега Ебрахим Раиси во главниот град Техеран.

Двајцата лидери копретседаваа со 7-от состанок на Советот за соработка на високо ниво на Туркије и Иран за унапредување на билатералната соработка и потпишаа вкупно осум договори во областа на трговијата, социјалната безбедност и спортот.

Ердоган нагласи дека верува оти земјите ќе го зголемат обемот на билатералната трговија на 30 милијарди долари.

Подоцна во текот на денот, Ердоган, Раиси и рускиот претседател Владимир Путин ќе се сретнат на 7-от трилатерален самит во форматот Астана за да разговараат за последните случувања во Сирија и борбата против терористичките организации, особено ЈПГ/ПКК и ДЕАШ.

За трилатералната средба во Техеран, Ердоган рече дека средбата ќе биде реевалуација на процесот во Астана од 2017 година.Процесот во Астана започна во 2017 година за обнова на мирот во Сирија, која беше опустошена од граѓанската војна од почетокот на 2011 година кога режимот на Башар ал Асад со неочекувана жестокост ги разби продемократските демонстранти.

AA
Популарни