Претседателот на Република Туркије Реџеп Таип Ердоган на израелскиот претседател Исак Херцог му порача дека неговата земја нема да ги гледа немо провокациите и заканите по статусот и духовноста на џамијата Ал-Акса и Кудс (Ерусалим).
Ердоган телефонски разговараше со Херцог за последните упади на израелскитебезбедносни сили во комплексот на џамијата Ал-Акса, како и за наапдите на верниците во светите места, соопшти Дирекцијата за комуникации при Кабинетот на турскиот претседател.
Изјавувајќи дека последните инциденти ја рануваат совеста не само на муслиманите туку и на целото човештво, Ердоган нагласи дека Туркије ниту на било кој начин не може да молчи пред провокациите и заканите на статусот кво и духовноста на џамијата Ал-Акса, која се наоѓа во окупираниот Источен Ал-Кудс.
Исто така напомена дека не смее да се дозволи ескалација на тензиите кои се шират на Појасот Газа и Либан.
Истакнувајќи ја неопходноста од спречувањето овие инциденти, кои се повторуваат секој месец Рамазан, да станат судбина на регионот, Ердоган исто така ја изрази спремноста на неговата земја да го направи својот дел за да се преземат чекори кон воспоставување траен мир.
Тензиите на Блискиот исток се во пораст во последните неколку дена по израелските брутални напади врз верниците во џамијата Ал-Акса.
Израелските напади врз џамијата предизвикаа ракетен оган од Појасот Газа и Либан, а Израел воздврати со воздушни напади.