Туркије очекува соработка од САД во борбата против терористичките организации како што се ПКК/ЈПГ и ФЕТО, изјави во неделата турскиот претседателот Реџеп Таип Ердоган.        Фото: АА

Туркије очекува соработка од САД во борбата против терористичките организации како што се ПКК/ЈПГ и ФЕТО, изјави во неделата турскиот претседателот Реџеп Таип Ердоган.

„Од нашите американски пријатели очекуваме соработка во борбата што ја водиме против ПКК, ЈПГ и ФЕТО на начин што му доликува на духот на сојузот“, рече Ердоган на вечера организирана од Турско-американскиот национален управен комитет (TASC) во Центарот Рокфелер во Њујорк Сити.

Ердоган истакна дека турските власти „прецизно“ соработуваат со нивните американски колеги за да го изведат лидерот на ФЕТО Фетула Ѓулен и членовите на групата пред турската правда.

Претседателот нагласи дека Туркије ќе продолжи да се бори против терористичките организации ФЕТО, ПКК/ЈПГ и ДАЕШ, додавајќи: „Ќе ја отстраниме темната сенка на теророт од нашиот регион“.

ФЕТО го организираше неуспешниот обид за пуч на 15 јули 2016 година во Туркије, во кој загинаа 251 лице, а 2.734 беа повредени.

ФЕТО стои зад долготрајната кампања за соборување на државата преку инфилтрација во турските институции; особено во војската, полицијата и судството.

Решавање на прашањата меѓу Туркије и САД

Претседателот Ердоган рече дека се надева оти ќе ги реши проблемите меѓу Туркије и САД „врз основа на заеднички интереси“ развивајќи ја соработката со Вашингтон.

Ердоган посочи дека не постои проблем меѓу САД и Туркије што не може да се реши како два силни партнери и сојузници веќе 70 години, додавајќи дека двете нации се заедно во НАТО.

„Без разлика дали се работи за финансирање или копнени сили, Туркије е еден од првите пет најважни партнери кои даваат поддршка“ во НАТО, рече турскиот претседател. „Затоа, позицијата на Туркије треба да биде добро разбрана, добро позната и соодветно да се преземат одлуки и чекори.

Ердоган, исто така, рече дека Туркије и САД имаат слични ставови за многу регионални и глобални прашања и покрај разликите за прашањата за националната безбедност на Анкара, додавајќи дека тој и американскиот претседател Џо Бајден се согласиле да го зајакнат пријателството и соработката меѓу нивните народи.

Војна во Украина

Осврнувајќи се на руската војна во Украина, Ердоган рече дека Туркије ќе продолжи со напорите за ставање крај на војната преку дипломатија и елиминирање на нејзините регионални и глобални влијанија.

„Истанбулскиот договор, кој беше постигнат како резултат на нашите напори со ОН за извоз на украинско жито во Црното Море, е најконкретен пример за овие напори“, рече турскиот претседател.

„Сакаме да ја преточиме позитивната клима што ја постигнавме овде во прекин на огнот, а потоа и во траен мир“, додаде Ердоган.

Туркије, ОН, Русија и Украина потпишаа договор во Истанбул на 22 јули за обновување на извозот на жито од трите украински пристаништа на Црното Море кои беа прекинати по почетокот на руско-украинската војна.

Омраза кон муслиманите

Турскиот претседател зборувајќи дека постои зголемување на говорот на омраза, исламофобијата и предрасудите кон муслиманите ширум светот, истакна дека турско-американската заедница и Американците муслимани понекогаш се подложени на такви напади.

Ердоган ги повика САД да преземат „силни“ мерки на претпазливост против искривениот менталитет што го споредува исламот со тероризам и создава омраза кон муслиманите.

AA
Популарни