„Туркије веќе ги бере плодовите од националниот технолошки напредок, а целта е да се искачи во самиот врв на глобалната технолошка лига“, рече турскиот претседател Ердоган.

Претседателот на Република Туркије Реџеп Таип Ердоган упати видео-порака по повод лансирањето во вселената на првиот национален сателит со висока резолуција за набљудување на Земјата.

„Гордо го лансиравме првиот сателит на нашата земја со висока резолуција во вселената како предвесник на векот на Република Туркије“, порача Ердоган.

Истакна дека ИМЕЏЕ е најнапреден турски сателит за набљудување на Земјата во контекст на резолуција на сликата, брзината на комуникацијата и маневрирањето.

„Туркије разви клучни технологии на сателитетот ИМЕЏЕ, вклучувајќи компјутер на летање и комуникациски системи. Туркије самостојно изврши дизајн, производство, монтажа, интеграција и тестирање на сателитот за набљудување ИМЕЏЕ. Овој сатели има можност за снимање во висока резолуција од подрачје на целиот свет преку својата електро-оптичка камера“, рече Ердоган и додаде: „Ние моментално произведуваме, извезуваме, па дури и испраќаме клучни технологии во вселената.“

Како што рече, Туркије досега во орбитата испрати и неколку комуникациски сателити.

„Од осум комуникациски сателити кои ги испративме во орбитата, три успешно ја завршија мисијата. Останатите пет комуникациски сателити активно и служат на нашата земја“, истакна Ердоган.

Напомена дека Туркије придава посебно значење на развојот на технологиите.

„Туркије веќе ги бере плодовите од националниот технолошки напредок, а целта е да се искачи во самиот врв на глобалната технолошка лига“, рече турскиот претседател.

Тој потсети колку напредувало вложувањето во вселенската економија во светот.

„Големината на глобалната вселенска економија пораска од 245 милијарди долари во 2009 година на 469 милиајрди долари во 2021 година“, нагласи Ердоган.

ИМЕЏЕ, првиот турски национален сателит со висока резолуција, го дизајнираше и разви Институтот за истражување на вселенските технологии ТУБИТАК.

Туркије успешно го лансираше во вселената првиот национален сателит со висока резолуција за набљудување на Земјата, наречен ИМЕЏЕ.

Првиот сателит од турско производство е лансиран утрово од базата на вселенските сили Ванденберг во американската сојузна држава Калифорнија во 8:48 часот по средноевропско време.

Со ова лансирање, Туркије првпат ќе има електрооптичка сателитска камера со висока резолуција во орбитата.

Орбитата на ИМЕЏЕ ќе се совпадне со Сонцето на височина од 680 километри и ќе служи во полето на одбраната, управувањето со катастрофи, животната средина и урбанизацијата, како и во земјоделството и шумарството.

Во текот на петгодишната мисија сателитот ИМЕЏЕ ќе снима слики од целиот свет.

TRT Balkan / агенции
Популарни