Претседателот на Република Туркије, Реџеп Таип Ердоган, најави ново наоѓалиште на резерви на нафта во источниот регион на Туркије.
„Сакам да споделам нови и добри вести со јавноста. Откривме резерви на нафта со капацитет од 100.000 барели днево во Џуда и Габар“, рече Ердоган во обраќањето на свеченоста на отворањето на соларната електрана Карапинар и други проекти во централната област Коња.
Напоменувајќи дека новооткриената нафта во близина на областа Ширнак е со висок квалитет, турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган рече дека „Туркије повеќе нема да зависи од другите во секторот на енергетиката, туку ќе стане извозник на енергијата“.
Како што рече Ердоган, нафтата откриена на длабочина од 2.600 метри ќе биде вадена од 100 бушотини и ќе задоволи десетина од дневната потрошувачка во државата.
Ердоган рече дека нафтната бушотина во Габар е наречена по младата учителка по музичко образование Ајбука Јалчин, која е убиена во терористички напад на ПКК во 2017 година во југоисточна Туркије.
Јалчин (22) подлегна на раните по подмолен напад на автомобил на началникот на Козлук во областа Батман на 9 јуни 2017 година. Патуваше во минибусот кој беше дел од конвојот.
„Нашата нафтна бушотина, Шехид Ајбука Јалчин-1, се надеваме, ќе обезбеди повеќе нафта отколку што е произведено во целата држава“, рече Ердоган.
Тој се осврна и на нуклеарната електрана Акују, при што рече дека државата ќе може да задоволи 10 отсто од сопствените енергетски потреби од оваа електрана и најави дека друга нуклеарна електрана би можела да биде изградена во Синоп.
Порачувајќи дека ќе го искористи тероризмот од дневниот ред на Туркије, Ердоган рече дека ќе бидат надминати сите пречки кои ја спречуваат Туркије ресурсите и богатствата на државата да се стават на располагање на нацијата.