Ердоган: Туркије спремна да помогне во испорака на природен гас на Унгарија / Photo: AA

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган денес во Анкара изјави дека неговата земја е спремна да пружи поддршка во испорака на природен гас на Унгарија преку Трансанадолискиот гасовод (ТАНАП).

Ердоган во Анкара се состана со унгарската претседателка Каталин Новак, а по средбата одржаа заедничка прес-конференција. „Очекуваме дека Унгарија и понатаму ќе продолжи со поддршката за унапредување на позитивната агенда во односите на Туркије и Европската унија“, рече Ердоган.

Тој истакна дека неговата земја е спремна да ја поддржи Унгарија во конктест на испорака на природен гас.

„Спремни се заедно со Азербејџан да пружиме секој вид поддршка за испорака на природен гас на Унгарија преку Трансанадолискиот плиновод“, рече Ердоган. Тој се осврна и на војната во Украина.

„Сакаме што поскоро на маса да се донесе мир помеѓу Украина и Русија и на тој начин да се заврши војната“, рече Ердоган. Унгарската претседателка Каталин Новак истакна дека нејзината земја цврсто поддржува проширување на НАТО.

Таа рече дека една од темите на денешниот состанок била соработката во областа на енергетиката.

„Туркије и помага на Унгарија во енергетската безбедност. Туркије има неизоставна важност во енергетската безбедност на Унгарија. Потребен ни е Турскиот тек, бидејќи доаѓа преку Туркије и сакаме да се заблагодариме и да сметаме на вашата поддршка во ова прашање“, рече Новак.

AA
Популарни