Ердоган присуствува присуствува на 11. Самит на Советот на шефови на држави на Организацијата на туркиските држави во Киргистан / Photo: AA

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган денеска повика на единство меѓу туркиските нации за поддршка на праведно решавање на палестинското прашање.

„Како туркиски свет, исклучително е важно да продолжиме со нашите напори за трајно и праведно решение на палестинското прашање“, рече Ердоган во своето обраќање на Шестиот состанок на Советот за стратешка соработка меѓу Туркије и Киргистан во Бишкек.

Турскиот претседател, исто така, ја истакна посветеноста на Туркије за борба против тероризмот во партнерство со Киргистан, конкретно против терористичка организација ФЕТО која стоеше зад пучот во Туркије во 2016 година.

„Нашата борба против сите форми на тероризам, особено ФЕТО, ќе продолжи непрекинато“, рече тој.

Претходно, Ердоган беше пречекан од неговиот киргистански колега Садир Јапаров со официјална церемонија по неговото пристигнување во Киргистан вчера за да присуствува на 11 Самит на Советот на шефови на држави на Организацијата на турските држави.

Тој ја прослави 100-годишнината од основањето на Кара-Киргиската автономна област, со што се одбележува основањето на суверената Киргистанска Република.

Претседателот рече дека новиот договор ќе го подигне билатералното стратешко партнерство на сеопфатно ниво, воспоставувајќи механизам за продлабочување на соработката во безбедноста, транспортот и здравството.

TRT Balkan / агенции
Популарни