Нашето воено присуство надвор од нашите граници е од клучно значење за безбедноста на нашата земја и мирот на нашите граѓани, рече Ердоган / Photo: AA

Антитерористичките операции на Туркије ќе продолжат се додека планинскиот регион во северен Ирак, преку јужната граница на Туркије, не биде целосно безбеден, вети во вторникот претседателот Реџеп Таип Ердоган.

„Нашите операции во овој регион ќе продолжат додека не ја обезбедиме секоја педа од планините во северен Ирак, кои се извор на терористички акти“, изјави Ердоган на прес-конференцијата по состанокот на владата во Анкара.

„Во текот на последните пет дена, 114 цели беа погодени како дел од воздушните операции во Сирија и Ирак, при што 78 терористи беа „неутрализирани“, додаде тој.

„Обидите да се поттикне и зајакне терористичката група ПКК преку обезбедување оружје, муниција, обука и засолништа добија на интензитет“, додаде тој.

„Нашите прекугранични операции исто така осуетија заговори со цел да ја вовлечат Туркије во внатрешни превирања преку бранот на нерегуларна миграција“, додаде тој.

„Бидејќи ветувањата дадени до нас не се исполнуваат, никој не може да ѝ приговара Туркије дека ги презела неопходните мерки за сопствената безбедност“, нагласи Ердоган, мислејќи на претходните ветувања за воспоставување тампон зона долж нејзината јужна граница.

Преку успешни прекугранични операции, Туркије „јасно и недвосмислено“ покажа дека нема да дозволи никакви „хируршки“ напади врз нејзината територија, рече тој.

„Им дадовме инструкции на нашите безбедносни единици да ги уништат сите терористички елементи што ќе ги откријат, без разлика кој е до нив, во нивна близина или зад нив“, додаде тој, премолчено имплицирајќи дека сите меѓународни сили кои работат со терористички групи треба да престанат да го прават тоа.

„Нашето воено присуство надвор од нашите граници е од клучно значење за безбедноста на нашата земја и мирот на нашите граѓани. Од ова нема враќање назад“.

„Туркије несомнено ќе преземе дополнителни чекори за борба против тероризмот во наредните месеци, без оглед на тоа кој што ќе каже или и какви закани да упатува“, додаде тој.

Забелешката на Ердоган дојде по новите напади на ПКК во последните денови, во кои загинаа 21 турски војник, проследени со жестоки турски напади врз терористички цели во северен Ирак и Сирија.

Туркије ја започна операцијата „Канџа-катанец“ во април 2022 година за да ги таргетира засолништата на терористичката група ПКК во северните ирачки региони Метина, Зап и Авасин-Басјан во близина на турската граница.

На тоа и претходеа операциите „Канџа-тигар“ и „Канџа-орел“, започнати во 2020 година за да се искоренат терористите кои се кријат во северен Ирак и планираат прекугранични напади во Туркије.

Во својата повеќе од 35-годишна терористичка кампања против Туркије, ПКК -које е на листата на терористички организации во Туркије, САД и ЕУ - е одговорна за смртта на повеќе од 40.000 луѓе, вклучувајќи жени, деца и доенчиња.

ЈПГ е сириски огранок на терористичката ПКК.

AA
Популарни