Тоа сериозно го изненади Израел, само почекајте, ова се првите чекори, рече турскиот претседател / Photo: AA

Турските разузнавачи јасно им одговорија на оние што ѝ се закануваа на Туркије, изјави денес турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган.

„Турската разузнавачка служба, која ја разоткри израелската шпионска мрежа, им даде многу јасен одговор на оние што ѝ се закануваат на Туркије“, рече Ердоган во обраќањето на 97-годишнината од основањето на турската Национална разузнавачка агенција (МИТ) во Анкара.

„Тоа сериозно го изненади Израел. Само почекајте, ова се првите чекори“, рече тој и додаде:

„Ќе ја запознаете Туркије многу добро.“

На 5 декември Туркије уапси 15 од 34 осомничени што претходно беа приведени под обвинение за шпионски активности за израелската разузнавачка агенција Мосад.

Апсењата се реализираа по истрагата на Бирото за истраги на тероризам и организиран криминал и Обвинителството во Истанбул, фокусирана на меѓународната шпионажа.

Од осомничените, 26 му се предадени на судот со барање да бидат уапсени за „политичка или воена шпионажа“.

Судот го усвои барањето за 15 осомничени, а другите ги прати во судски притвор.

Осуммина осомничени, според изворите, се предадени во обласниот оддел за миграции за депортација.

AA
Популарни