Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган истакна дека уништувањето на регионот Карабах за време на ерменската окупација треба да се изнесе пред Меѓународниот суд на правдата (МСП).
„Сега гледам десно и лево. Што му направија на Џабраил за време на окупацијата? Го прашав Алиев, дојдоа ли ОБСЕ или ЕУ во оваа земја? Тој рече: „Не. Не дојдоа“. Зошто не дојдоа, бидејќи ќе го видат нивниот срам, ќе видат што му направи Западот овде на Џабраил и на цел Карабах давајќи поддршка за време на процесот на окупацијата“, рече Ердоган.
„Неопходно е да се бара отштета изнесувајќи ги пред Меѓународниот суд на правдата. Неопходно е да се притистнат в ќош со барање обештетување“, нагласи претседателот на Туркије за време на заедничката прес-конференција со неговиот азербејџански колега Илхам Алијев во подрачјето на Џабраил.
Прес-конференцијата беше одржана откако двајцата лидери присуствуваа на церемонијата на официјалното отворање на Меѓународниот аеродром Зангилан, вториот аеродром во Азербејџан на териториите што беа солободени од Ерменија за време на војната во Карабах во 2020 година.
Ердоган истакна дека неговата земја е подготвена за соработка со Азербејџан во сите области, особено во земјоделството, зелената енергија и паметните градови, како дел од Акциониот план за Карабах.