Ердоган упати порака по повод турскиот национален празник Денот на победата     Фото: АА

Претседателот на Република Туркије Реџеп Таип Ердоган изјави дека наредната година ќе биде нов пресврт во изградба на голема и моќна Туркије.

Ердоган објави порака по повод утрешниот национален празник Денот на победата со кој се одбележуваат 100 години од победата во Војната за независност.

„30 август беше најсилниот доказ за она што турската нација може да го постигне и жртвува кога е приморана да бида помеѓу заложништво и слобода“, порача Ердоган.

Тој рече дека со Големата победа е овековечена татковината на турскиот народ во која и денес слободно живее.

„Наредната 2023 година, кога ќе прославиме 100 години од основањето на нашата Република, ќе биде нов пресврт во кој најавуваме изградба на голема и моќна Туркије“, рече Ердоган.

Ширум Туркије утре ќе биде одбележан националниот празник Денот на победата. Празникот се одбележува по повод сеќавањето на Битката на Думлупинар.

Предводени од војсководачот и основачот на модерна Република Туркије Мустафа Кемал Ататурк, турските сили пред 100 години забележааа голема победа во Битката на Думлупинар, последната битка во Војната за независност на Туркије која е водена од 1919 до 1922 година.

AA
Популарни