Доживеавме еден од гордите денови на турската одбранбена индустрија, рече Ердоган / Photo: AA

Туркије достигна уште еден „критичен праг“ во производството на својот борбен авион од петта генерација бидејќи домашниот авион КААН успешно го изврши својот прв пробен лет, изјави во средата турскиот претседател.

„Доживеавме еден од гордите денови на турската одбранбена индустрија. Нашиот домашен борбен авион КААН денеска успешно го заврши својот прв лет. Туркије премина уште еден критичен праг за производство на борбен авион од петта генерација“, рече Реџеп Таип Ердоган за време на состанокот во западната провинција Афјонкарахисар.

Ердоган додаде дека домашниот борбен авион на Туркије се вивнал на небото и покрај „оние кои со презир го споредуваат со радијатор“ и оние кои се обидуваат да го „саботираат“ проектот.

КААН, борбен авион произведен во Туркије, успешно го изврши својот прв пробен лет во средата, соопшти Турската аерокосмичка индустрија (ТАИ).

Првиот борбен авион од петта генерација произведен во Туркије има за цел да ја замени застарената флота на турската армија.

Најновиот развој ја прави Туркије една од ретките земји што ја поседува оваа технологија.

Авионот, според проектот започнат во 2016 година, беше пуштен во употреба во март 2023 година.

AA
Популарни