Ердоган: Утре почнува изградбата на новите згради во неколку градови / Photo: AA

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган изјави дека се потпишани првите договори за изградба на згради во местата во кои се комплетирани потребните истражувања, а во врска со најавената изградба на новите 200.000 станови во јужните турски градови кои се погодени од разорните земјотреси.

Турскиот претседател Ердоган со челникот на Националното народно движење (МХП) Девлет Бахчели, посети неколку градови на југот на Туркије, а во текот на посетата во местото Ислахије рече дека земјата е одлучна со ново разбирање совите градови да ги направи посигурни и помирни населби.

Ердоган рече дека дошол во посета за да лично се увери во состојбата на теренот и за да разговара со своите граѓани. „Веќе утре почнува изградбата на згради во Нурдаги, Ислахије, Килис и Адијаман Кахти“, рече Ердоган.

Ердоган исто така рече дека активностите за утврдување на штетите предизвикани од земјотресите се при крај, а дека надлежните на турските институции се на терен и дека ги подмируваат потребите на населението погодено од земјотресите.

„Тргнувајќи од нула, ќе веруваме во себе, ќе веруваме и ќе сакаме сите во новите згради да живеат во самодоверба. Наша цел е во рок од една година, во најголем дел да ја завршиме изградбата на зградите и куќите срушени од земјотресите“, истакна Ердоган.

Лидерот на МХП, Девлет Бахчели, му се заблагодари на Ердоган на овозможената посета на регионите погодени од земјотрес.

Нагласувајќи дека поседиците од земјотресите се болни за целиот турски народ, Бахчели рече дека во овие тешки денови се покажа дека Туркије е силна држава со способно раководство кое ја има поддршката на народот.

„Сето ова ќе го надминеме и ќе направиме чекори кон понатамошен развој на силна и голема Туркије“, порача Бахчели.

TRT Balkan / агенции
Популарни