Претседателот на Туркије во средата вети дека ќе го обнови јужниот регион на земјата, погоден минатиот месец од силните земјотреси кои однесоа најмалку 48.448 жртви.
„Имаме ветување до нашата нација дека ќе ги обновиме нашите градови, кои беа уништени во земјотресот, во рок од една година. Ние ќе ја финализираме проценката на штетите“, рече Ердоган на состанокот на групата на Партијата за правда и развој (АК) во парламентот.
Туркије планира да изгради 319.000 куќи за една година, додаде Ердоган.
„Наша должност е да ги смириме срцата, да ја споделиме болката, да ги залечиме раните, да ги надоместиме финансиските загуби, особено куќите“, рече тој.
На 6 февруари, земјотреси со јачина од 7,7 и 7,6 степени по Рихтер погодија 11 провинции - Адана, Адијаман, Дијарбакир, Елазиг, Хатај, Газиантеп, Кахраманмараш, Килис, Малатија, Османије и Шанлиурфа.
Повеќе од 13,5 милиони луѓе во Туркије се погодени од разорните земјотреси, како и многу други во северна Сирија.