Ердоган во Анкара се состана со малезискиот премиер Ибрахим / Photo: AA

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган во средата го прими малезискиот премиер Анвар Ибрахим во главниот град Анкара на разговори.

„Ердоган и Ибрахим одржаа состанок зад затворени врати во претседателскиот комплекс“, соопшти Претседателството на Туркије.

Состанокот се случи откако два силни земјотреси го потресоа југот на Туркије на 6 февруари, во кој загинаа повеќе од 35.420 лица.

Пораки на сочувство испратија многу земји од светот изразувајќи солидарност со Туркије, при што многу земји испратија спасувачки тимови и помош.

TRT Balkan / агенции
Популарни