Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган најави дека во март ќе почне изградбата на станбените единици за семејствата кои останаа без кров над глава во регионите кои на 6 февруари беа погодени од разорните земјотреси.
Ердоган денес го посети Хатај, провинцијата погодена од земјотресите, а изјавата за медиумите најави дека изградбата на околу 200.000 станбени единици за граѓаните погодени од земјотресите ќе почне во март во провинциите Адана, Адијаман, Дијарбакир, Газиантеп, Хатај, Кахраманмараш, Килис, Малатија, Османије, Шанлиурфа и Елазиг.
Претседателот Ердоган рече дека е подмирена потребата за засолниште на повеќе од 1,68 милиони луѓе кои беа погодени од земјотресите.
„Граѓаните привремено сместени во станбените контејнери и шаторските населби во текот на една година планираме да ги преселиме во нивните трајни сместувања“, рече Ердоган.
Турскиот претседател Ердоган исто така соопшти дека спасувачките екипи спасиле 114.834 лица од под урнатините по земјотресите.
Најмалку 41.156 луѓе загинаа, а 105.505 луѓе се поредени од последиците на разорните земјотреси со епицентар во Кахриманмараш.
Во земјотресите на северот на Сирија загинаа најмалку 5.840 лица.