Ердоган: Сирискиот режим мора итно да се ангажира со сопствениот народ за да работи кон сеопфатно политичко решение / Photo: AA

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган за време на состанокот на Советот за национална безбедност телефонски разговараше со генералниот секретар на ОН Антонио Гутереш за регионални и глобални прашања, соопшти денеска турскиот Директорат за комуникации.

Ердоган како што е наведено во соопштението му рекол на Гутереш дека сирискиот конфликт достигнал нова фаза, нагласувајќи дека најголемата желба на Туркије е Сирија да избегне понатамошна нестабилност и цивилни жртви.

„Во оваа фаза, сирискиот режим мора итно да се ангажира со сопствениот народ за да работи кон сеопфатно политичко решение“, нагласи турскиот претседател.

Тој потврди дека Анкара напорно се труди да ги деескалира тензиите, да ги заштити цивилите и да го отвори патот за политичкиот процес, ветувајќи дека ќе продолжи да го прави тоа.

Антирежимските групи предводени од Хајат Тахрир ал-Шам, кои се борат против силите на режимот на Асад од 27 ноември, навлегуваат подлабоко во провинцијата Хама.

Руските авиони ги поддржуваат силите на сирискиот режим додека продолжуваат жестоките судири.

Антирежимските вооружени групи соборија еден од двата хеликоптери кои полетаа од воениот аеродром Хама околу центарот на градот. Другиот хеликоптер, кој беше погоден, принудно слета.

Групите се судрија со силите на режимот западно од центарот на градот Хама, заземајќи ги селата Ерзе, ал-Вашија, Кафртун и Јадгун пред да се упатат југозападно кон воениот аеродром Хама.

На 30 ноември, антирежимските групи зазедоа голем дел од централниот дел на Алепо по брзиот напредок од неговите западни села.

Групите го зазедоа и градот Кан Шејхун, добивајќи речиси целосна контрола врз провинцијата Идлиб.

Опозициската Сириска национална армија, пак, на 1 декември ја започна операцијата Зора на слободата против терористичката група ПКК/ЈПГ, ослободувајќи го градот Тел Рифаат.

Во својата 40-годишна терористичка кампања против Туркије, ПКК кој е на листата на терористички организации прогласени од Туркије, САД и ЕУ – е одговорна за смртта на над 40.000 луѓе, вклучувајќи жени, деца, доенчиња и постари лица.

ЈПГ е огранок на ПКК во Сирија, место на тековните борби и област каде што групата се обиде да воспостави терористички коридор долж турската граница, при што Туркије распоредува војници за да го спречи тоа и да го заштити локалното население од терористичко угнетување.

TRT Balkan / агенции
Популарни