Ердоган: Во рок од година дена ќе изградиме 488.000 нови станбени единици / Photo: AA

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган изјави дека ќе го обноват јужниот регион на Туркије, кој минатиот месец е погоден од силни земјотреси во кои загинаа најмалку 46.104 лица.

„Денес, додека зад себе ја оставаме четвртата недела од земјотресите, појасно ја гледаме големината на катастрофата со која се соочивме и подлабоко ја чувствуваме болката на нашите губитоци“, рече Ердоган по состанокот на Владата во главниот град Анкара.

Земјотреси со магнитуда 7,7 и 7,6 погодија 11 турски области на 6 февруари - Адана, Адијаман, Дијарбакир, Елазиг, Хатај, Газиантеп, Кахраманмараш, Килис, Малатија, Османије и Шанлиурфа. Повеќе од 13,5 милиони луѓе во Туркије беа погодени од разорните земјотреси, како и многумина во северозападна Сирија.

„Наша цел е во наредните два месеци да почнеме изградба на 244.000 станбени единици и 75.000 куќи во селата“, рече Ердоган, додавајќи дека изградбата на 22.000 објекти веќе почнала.

„Вкупно 488 нови станбени единици ќе бидат изградени за погодените од катастрофата во подрачјата погодени од земјотресите во рок од година дена“, додаде турскиот претседател.

Ердоган исто така рече дека во рок од два месеци во регионот ќе бидат поставени 100.000 контејнери за 500.000 граѓани погодени од земјотресите за да живеат во подобри услови.

TRT Balkan / агенции
Популарни