Ердоган во Шанлиурфа: Ги подигнуваме градовите уништени во земјотресите / Photo: AA

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган во областа Шанлиурфа вчера присуствуваше на церемонијата на поставување камен-темелник за изградба на станбени објекти како и врачување клучеви на семејствата кои останаа без станови во неодамнешните земјотреси.

Тој потсети дека јужните турски области на 6 февруари Туркије ја потресле најразорните земјотреси во историјата на Туркије. Еден од градовите погоден од земјотресите е и Шанлиурфа.

Ердоган истакна дека ќе направи се за да им помогнат на граѓаните погодени од земјотресите, а само вчера се врачени клучеви на 659 сопственици на станови и 61 деловен објект. Тој повтори дека ќе изгради 650 илјади нови станбени објекти, од кои 319 илјади ќе бидат испорачани во рок од година дена.

„Додека ги подигнуваме нашите градови уништени во земјотресот, ние не градиме само нови домови. Практично, градиме нови градови со нови училишта, болници, потребна инфраструктура, паркови и деловни објекти“, рече Ердоган.

Тој порача дека и понатаму ќе биде со граѓаните се додека Шанлиурфа и другите градови погодени од земјотресите нема да бидат во подобра состојба.

Два разорни земјотреси со јачина од 7,7 и 7,6 степени по Рихтер на 6 февруари, ги погодија јужните делови на Туркије со епицентар во Кахраманмараш.

Бројот на загинатите во разорните земјотреси кои кон почетокот на февруари го погодија југот на Туркије достигна 50.096. Околу 14 милиони луѓе во Туркије погодени се од разорните земјотреси, како и многумина на северот на Сирија.

TRT Balkan / агенции
Популарни