Претседателот на Туркије, Реџеп Таип Ердоган, изјави дека неговата земја денес е посилна од вчера и дека утре ќе бидат на многу подобро место, известува Анадолу.
Претседателот Ердоган зборуваше по завршувањето на состанокот на претседателскиот кабинет што се одржа во Анкара.
Зборувајќи за односот на Туркије кон случувањата во светот и нејзиниот придонес за мир, претседателот Ердоган истакна:
„Туркије ја обликува историјата со своите мирољубиви и активни политики кои го менуваат текот на светските работи и одново ја пишува, и својата и човечката историја.“
За напредокот на Туркије во светски рамки Ердоган рече:
„Денес сме посилни од вчера, утре ќе бидеме на многу подобри места. Продолжуваме да растеме и покрај луѓето без визија кои сакаат да ја заробат нашата нација во плитки води.“
Тој го поздрави расчистувањето на терористите од сириски Тел Рифат и Мунбич, кои со години биле под окупација на сепаратистичката теророистичка организација ПКК/ЈПГ и покрај дадените ветувања дека ќе го напуштат регионот.
„Нашите повици за решавање на сирискиот конфликт преку дијалог беа арогантно отфрлени од стариот режим, и не беше ценета вредноста на раката што ја подаде нашата земја“, зборуваше Ердоган за односот на Башар ал Асад кон предлогот на Туркије за изнаоѓање мирно решение за граѓанската војна во Сирија.
„Асад побегна оставајќи ја зад себе Сирија во која беа масакрирани речиси 1 милион луѓе, 12 милиони беа принудени да мигрираат, а многу градови се претворени во урнатини“, истакна Ердоган и рече дека Туркије отсекоша била покрај Сирискиот народ, по што додаде:
„Едната половина од нашето срце се Газиантеп, Хатај, Шанлиурфа, a другата половина се Африн, Алепо, Хама, Хомс, Дамаск“
За посветеноста на Туркије во заштитата на Сиријците, која покрај испраќањето хуманитарна помош, во својата земја прими повеќе милиони бегалци, претседателот Ердоган продолжи со зборовите:
„Турската нација засекогаш како чест ќе ја носи славата што ги отвори своите прегратки за угнетените од Сирија во нивните мрачни денови.“
Ердоган се осврна и кон критиките и притисоците што Туркије во земјата ги прими бегалците од Сирија, велејќи:
„Заедно со суровиот режим на Асад во Сирија, загуби и нечистиот менталитет што го поттикнува непријателството кон бегалците во нашата земја“.
Со уверение дека следат посветли денови за народот во Сирија, претседателот Ердоган рече:
„Верувам дека силниот ветер на промени што ја погоди Сирија ќе доведе до корисни резултати за целиот сириски народ, особено за бегалците. Како што Сирија ќе стекне стабилност, се надеваме дека ќе се зголеми бројот на доброволни, безбедни, чесни и редовни враќања.“
Претседателот Ердоган рече дека ќе ја отворат граничната порта Јајладаги за враќање на сириските бегалци, со цел да го спречат нередот на границите и да го олеснат сообраќајот.
Тој им се обрати на старото и новото политичко раководство на главната опозиција во Сирија, советувајќи им да престанат да тагуваат по соборениот режим во Дамаск и да бидат партнери во радоста на сирискиот народ.
Во врска со прекуграничните операции на турските вооружени сили, Ердоган истакна:
„Туркије нема претензии кон териториите на другa земјa. Единствената цел на нашите прекугранични операции е да ја заштитиме татковината и граѓаните од терористичките напади.“
Навраќајќи се на ситуацијата во Сирија, претседателот Ердоган рече: „Од вчера заврши една мрачна ера и започна светлата ера во Сирија“.