Ерменската патријаршија во Туркије го осуди чинот на палење на светата книга Куран пред турската Амбасада во шведскиот главен град Стокхолм.
Во соопштението на Ерменската патријаршија во Туркије објавено на социјалните мрежи се наведува дека чинот на палење на светата книга на исламскиот свет, Куранот, во Шведска, предизвикало длабока огорченост.
Се додава дека овој гнасен чин, кој со ништо не може да се оправда, не ги навредува само верските чувства на припадниците на исламот.
„Не може да се занемари фактот дека постојат движења кои за цел имаат да предизвикаат непријателство меѓу луѓето од различни религии. Сигурно е дека таквото движење, кое е апсолутно неспоиво со демократијата, слободата и човековите права, нема да го прифатат луѓето кои ги делат овие чувства. Затоа, Духовниот собор, свештенството, управните одбори и турско-ерменската заедница, како и патријархот на турските Ерменци, Сахак Машалијан, го осудуваат овој нехуман чин.“
Се истакнува дека на сите им е јасно колку на светот му се потребни љубов и мир во овие денови кога светот се бори со разни проблеми.
„Потсетуваме дека би било подобро луѓето, без разлика на вера, јазик и раса, да се воздржат од дејствија кои предизвикуваат дополнителни проблеми во светот и со сите сили да работат на пружање мирна средина“, се наведува во соопштението.
Сахак Машалијан, поглавар на Ерменската патријаршија во Туркије, ја сподели оваа порака и на својот профил на Твитер.
Расмус Палудан, лидерот на екстремно десничарската данска партија Цврст правец (Страм Курс), вчера запали примерок од светата книга Куран пред турската Амбасада во Стокхолм. Никому не му беше дозволено да се приближи до Палудан.
Во соопштението на полициската управа на Стокхолм се наведува дека на Палудан имал дозвола за одржување на протестот.
22 јан 2023
Ерменската патријаршија во Туркије го осуди палењето на Куранот во Шведска
„Потсетуваме дека би било подобро луѓето, без разлика на вера, јазик и раса, да се воздржат од дејствија кои предизвикуваат дополнителни проблеми во светот и со сите сили да работат на пружање мирна средина“
AA
Поврзани новости
Написи во тренд во оваа категорија
Пет медицински работници загинаа во израелските напади врз јужен Либан
Министерството за здравство соопшти дека цел на еден од израелските напади бил тим на единицата за цивилна заштита на Исламското здравствено здружение во округот Џезине, при што загинале тројца медицински работници, а тројца се ранети
Што друго би сакале да знаете?
Популарни