Според Јозеп Борел, ЕУ се залага не за една туку за повеќе паузи / Photo: AA

Европската унија повикува на неколку хуманитарни паузи за да се соочи со страшната ситуација во Газа,изјави во денеска шефот за надворешна политика на ЕУ, Жозеп Борел пред состанокот на Советот за надворешни работи во Брисел.

Потсетувајќи на вчерашната заедничка изјава објавена од 27-те држави на ЕУ, во која се приклучи на повиците за итни паузи во непријателствата и воспоставување хуманитарни коридори во Газа, Борел рече дека ЕУ се залага не за една туку за неколку паузи.

„Целта е итни паузи и да се воспостават нови хуманитарни коридори за да се соочиме со страшната ситуација на луѓето во Газа. Бараме од Израел да покаже максимална воздржаност за да спаси цивилни животи”, рече тој.

Борел повтори дека ЕУ ја осудува употребата на жив штит од страна на Хамас во болниците.

„Но, исто така, ја изразуваме нашата загриженост за лошата состојба на болниците кои се силно погодени од бомбардирањето“, истакна Борел.

Шефот за надворешна политика додаде дека на средбата на министрите за надворешни работи ќе разговараат за ситуацијата во Газа, Украина и Ерменија-Азербејџан.

Израел извршува немилосрдни воздушни и копнени напади врз Појасот Газа по прекуграничниот напад на Хамас на 7 октомври. Целите вклучуваат болници, училишта, како и други засолништа на ОН.

Во нападите загинаа над 11.000 Палестинци, вклучително и повеќе од 8.000 жени и деца. Во меѓувреме, бројот на загинати во Израел изнесува 1.200.

Шефот на СЗО, Тедрос Аданом Гебрејесус, денеска го повтори својот повик за прекин на огнот.

„Светот не може да молчи додека болниците, кои треба да бидат безбедни засолништа, се трансформираат во сцени на смрт, пустош и очај“, изјави тој.

TRT Balkan / агенции
Популарни