Европската Унија го осуди убиството на вработени во меѓународната хуманитарна организација Светска централна кујна (World Central Kitchen) со седиште во Вашингтон, која обезбедуваше хуманитарна помош за Газа за време на израелскиот напад.
Високиот претставник на ЕУ за надворешна политика и безбедност, Жозеп Борел, и членот на Европската комисија одговорен за управување со кризи и хуманитарна помош, Јанез Ленарчич, преку социјалните мрежи реагираа на убиството на хуманитарните работници во израелскиот напад.
„Го осудувам нападот и повикувам на истрага“, рече Борел, додавајќи: „И покрај сите барања за заштита на цивилите и хуманитарните работници, гледаме нови невини загуби.“
Ленарчиќ, исто така, рече: „Осудувам уште еден напад врз хуманитарните работници во Газа. Тоа мора веднаш да престане. Веднаш прекинете го огнот“.
Американската меѓународна хуманитарна организација Светска централна кујна (ВЦК) објави дека седум нејзини вработени биле убиени во израелскиот напад врз Газа.
Вработените што загинаа се државјани на Австралија, Полска, Велика Британија, Соединетите Американски Држави, Канада и Палестина.