Европската унија го повика Израел „веднаш да ја прекине воената операција во Рафах“, се наведува во официјалното соопштение објавено денес.
„Оваа операција дополнително ја нарушува дистрибуцијата на хуманитарна помош во Газа и води кон поголемо внатрешно раселување, изложеност на глад и човечко страдање“, се нагласува во соопштението на Кабинетот на шефот за надворешна политика на ЕУ, Жозеп Борел.
Се потсетува дека повеќе од 1 милион цивили се засолнети во и околу Рафа. „
Европската Унија го повикува Израел да се воздржи од дополнително влошување на и онака лошата хуманитарна ситуација во Газа и повторно да го отвори преминот Рафах. Доколку Израел продолжи со својата воена операција во Рафах тоа неизбежно ќе влијае на односите на ЕУ со Израел“, предупреди блокот.
ЕУ, исто така, нагласи дека Израел мора да дозволи пристап на хуманитарната помош до цивилите и го потсети Израел на привремените наредби од 26 јануари и 28 март од Меѓународниот суд на правдата (МСП).
„Ги повикуваме сите страни да ги удвојат напорите за да се постигне итен прекин на огнот и безусловно ослободување на сите заложници кои ги држи Хамас“, се нагласува во соопштението.
Минатата недела, израелските сили започнаа копнен напад врз Рафа, каде што засолнети повеќе од 1,5 милиони раселени Палестинци, и ја освоија палестинската страна на преминот Рафах, витална рута за хуманитарната помош и единствената врата на територијата кон надворешниот свет.
Во израелските напади во Појасот Газа загинати се над 35.100 Палестинци. Нападите почнаа по прекуграничниот напад на Хамас на 7 октомври, кој однесе 1.200 животи. Голем дел од енклавата е претворен во урнатини.
Израел е обвинет за геноцид пред МСП, кој во јануари рече дека е „веродостојно“ дека Тел Авив врши геноцид во Газа, наредувајќи му да ги запре таквите акти и да преземе мерки за да гарантира дека хуманитарната помош ќе стигне до цивилите во Газа.