ЕУ има стратешки интерес во одржување на стабилна и безбедна средина во Источниот Медитеран / Photo: AA

Европската комисија во средата објави дека Европската унијае заинтересирана за развој на заемно корисно партнерство со Туркије.

„Европската унија очигледно има стратешки интерес во развојот на заемно корисни односи со Туркије и одржување на стабилна и безбедна средина во Источниот Медитеран“, рече шефот за надворешна политика на ЕУ, Жозеп Борел, на прес-конференција во Брисел заедно со европскиот комесар Оливер Вархеји.

Тие презентираа заеднички извештај за односите меѓу Туркије и ЕУ.

„ЕУ идентификуваше голем број можни опции за ангажман со Анкара“, рече Борел, додавајќи дека Европската комисија предложила продолжување на дијалогот за ажурирање на Царинската унија со Туркије, како и преземање повеќе чекори во трговијата, инвестициите, миграцијата и визна либерализација.

Турските претставници долго време бараат ажурирање на Царинската унија, како и Европската унија да ги исполни своите ветувања за визна либерализација дадени според пактот од 2016 година за нерегуларните мигранти.

Комисијата предложи „да се вложат сите напори за да се премостат клучните разлики“ меѓу Анкара и Европската унија.


AA
Популарни