Вредноста на еврото денес повторно падна под еден долар, додека индексот на доларот достигна 20-годишен максимум. Единствената европска валута утрово падна на 0,9877 долари првпат од октомври 2002 година, додека индексот на доларот достигна нов врв од 110, првпат од јуни 2002 година.
Претставниците на американските Федерални резерви (Фед) нагласија дека зголемувањата на каматните стапки се примерни се додека инфлацијата значително не попушти.
Во јули Фед ја зголеми референтната каматна стапка за 75 базни поени, што е најбрзо темпо на заострување во четири децении.
Се проценува дека Европската централна банка овој месец ќе ги зголеми каматните стапки за 75 базни поени, со оглед дека годишната потрошувачка инфлација во еврозоната неочекувано скокна на ново рекордно ниво од 9,1 отсто во август.