Фахретин Алтун им оддаде почит на жртвите од геноцидот во Сребреница

Шефот на Дирекцијата за комуникации на турското претседателство Фахретин Алтун им оддаде почит на жртвите од геноцидот во Сребреница.

Алтун на социјалните мрежи сподели пригодна порака со која им оддаде почит на жртвите на геноцидот во Сребреница.

„Го осудувам срамниот геноцид кој се случи пред очиме на целиот свет и во кој се убиени 8.372 невини луѓе. Како Туркије, продолжуваме да бидеме со народот на Босна и Херцеговина и правиме сѐ за мир и безбедност на Балканот. Нека душите на нашите сребренички маченици почиваат во мир“, порача Алтун.

TRT Balkan / агенции
Популарни