Тања Фајон се залага за ембарго за оружје за Израел / Photo: AA

Владата на Израел активно и намерно ги поткопува институциите на Обединетите нации, изјави Тања Фајон, вицепремиерка на Владата на Словенија и министерка за надворешни и европски прашања.

Фајон ова го изјави говорејќи за односите на Словенија со Израел и Палестина за време на воените конфликти на Блискиот Исток.

Јас сум меѓу првите кои се залагаат за ембарго за извоз на оружје во Израел“, изјави Фајон во интервју за РТВ Словенија.

Таа нагласи дека се разгледуваат и законските опции за забрана за увоз на производи од нелегални израелски населби.

„Многу е очигледно дека Владата на Израел активно и намерно ги поткопува институциите на Обединетите нации, почнувајќи од агенцијата УНРВА, прогласувајќи го генералниот секретар на Обединетите нации за персона нон грата и непочитувајќи ги резолуциите и пресудите на судовите“, изјави Фајон.

Таа истакна дека со месеци повторува дека Израел постојано го крши меѓународното право и Повелбата на обединетите нации.

„Во Газа се убиени повеќе од 41.000 цивили. Газа е најцрната сцена на жртви од Втората светска војна. Во однос на нападите на Израел врз јужен Либан, ние многу јасно ги осудивме израелските сили, вклучително и нападите врз силите на УНИФИЛ и проширувањето на копнената операција од самиот почеток“, нагласи Фајон.

TRT Balkan / агенции
Популарни