Палестинските движења Фатах и Хамас во египетската престолнина Каиро разговараа за предлозите во врска со повторното отворање на граничниот премин Рафах меѓу Појасот Газа и Египет.
Членот на Револуционерниот совет на Фатах, Абдула Абдула, за АА изјави дека ова движење сака нападите на Израел врз Појасот Газа веднаш да престанат, да се олесни влезот во регионот и да се започне процесот на реконструкција.
Абдула изјави дека делегацијата на Фатах во Каиро разговарала со делегацијата на Хамас за предлозите на Египет во врска со повторното отворање на граничниот премин Рафах.
Меѓу предлозите е и прашањето за преземање на контролата врз палестинската страна на граничниот премин од палестинската администрација.
Египет ја држи затворена египетската страна на границата од мај минатата година, кога Израел ја зазеде палестинската страна на граничниот премин Рафах.
Во вчерашните вести на весникот „Једиот Ахронот“ беше наведено дека делегација предводена од Халил ал Хаје, еден од лидерите на Хамас, отпатувала во Каиро на средба со директорот на египетската разузнавачка служба Хасан Решад.
Во веста е објавено дека администрацијата во Каиро работи на постигнување компромис и договор за прекин на непријателствата меѓу Хамас и Фатах.