Фидан: Без Туркије невозможно е функционирање на енергетските коридори / Photo: AA

Турскиот министер за надворешни работи Хакан Фидан денес порача дека не е можно ефикасно, одржливо функционирање на енергетските и транспортните коридори без учество на Туркије.

Според неговите зборови, се очекува дека проектот за развој на патот кој се протега од ирачката област Басра до турската граница да влезе во фаза на имплементација за неколку месеци.

„Се надеваме дека за неколку месеци ќе преминеме во фазата на имплементација на Проектот за развој на патиштата, кој е од големо значење за просперитетот и стабилноста на Блискиот Исток“, рече Фидан на Конгресот на Светскиот турски бизнис-совет (ДТИК) во Истанбул.

Туркије и Ирак работат на изградба на копнен и железнички транспортен коридор од ирачката област Басра до турската граница.

Осврнувајќи се на договорот за економски коридор Индија-Блиски Исток-Европа потпишан на самитот на Г-20 во Њу Делхи минатата недела, Фидан рече: „Ние, на местото каде што се спојуваат три континенти, сме отворени за секој план што промовира соработка“, и додаде:

„Меѓутоа, треба да се знае дека ефикасно и одржливо функционирање на енергетските и транспортните коридори не е можно во нашиот регион без учество на Туркије“, рече Фидан.

Тој наведе дека Транскасписката меѓународна транспортна рута, што го поврзува туркискиот свет со Европа преку Каспиското Море и развојната рута што ќе минува низ Ирак до Туркије, ја нагласува централната улога на Туркије.

TRT Balkan / агенции
Популарни