Фидан: Геноцидот во Сребреница е најтемна страница на човечката историја / Photo: AA Archive

Министерот за надворешни работи на Туркије, Хакан Фидан, прати порака по повод 28-годишнината од геноцидот во Сребреница.

„Им оддаваме почит на нашите браќа и сестри Бошњаци кои беа убиени во геноцидот во Сребреница пред 28 години, една од најтемните страници во човечката историја. Никогаш нема да заборавиме!“, напиша Фидан на својот профил на Твитер.

Денес на гробиштата на Меморијалниот центар во Поточари ќе бидат погребани посмртните останки на 30 жртви на геноцидот извршен во јули 1995 година врз жителите на „заштитената зона на ОН“ во Сребреница.

AA
Популарни