Фидан му рекол на Блинкен дека таргетирањето на цивилите во Газа е неприфатливо / Photo: AA

Турскиот министер за надворешни работи Хакан Фидан и американскиот државен секретар Антони Блинкен разговараа за најновите случувања во Газа во телефонски разговор, соопштија дипломатски извори доцна во неделата.

Двајцата врвни дипломати разговарале за спречување на ширењето на конфликтот во Газа во регионот, напорите да се обезбеди ослободување на заложниците и итноста за создавање хуманитарен коридор, како и за прашањата во врска со процесот на проширување на НАТО, рекоа изворите, кои зборуваа анонимно поради ограничувањата за зборување со медиумите.

Фидан понатаму му рекол на Блинкен дека таргетирањето на луѓето од Газа без дискриминација е неприфатливо.

Израел силно ја бомбардира Газа од 7. октомври, кога палестинската група Хамас изврши прекуграничен напад.

Бројот на Палестинците убиени во израелските напади врз Газа се искачи на 8.005, од кои 3.342 деца, 2.062 жени и 460 постари лица, соопшти Министерството за здравство.

Во конфликтот загинаа повеќе од 1.400 Израелци.

Портпаролот на израелската армија Даниел Хагари во саботата објави дека израелските сили ги прошируваат своите операции и преминуваат во „следната фаза од нашата војна против Хамас“, која вклучува копнени операции.

2,3 милиони жители на Газа во меѓувреме се борат со недостиг од храна, вода, гориво и лекови поради блокадата на енклавата од страна на Израел.

AA
Популарни