Министерот за надворешни работи на Туркије, Хакан Фидан, разговараше денес за низа теми со американскиот државен секретар Ентони Блинкен.
Министерството за надворешни работи на Туркије соопшти дека шефовите на турската и американската дипломатија, Фидан и Блинкен, имале телефонски разговор за Самитот на лидерите на НАТО, што во следните два дена ќе се одржи во Вилнус, главниот град на Литванија.
Во соопштението се наведува дека Фидан и Блинкен разговарале и за проширување на НАТО.
TRT Balkan / агенции