Фидан: Израел своите варварства од Газа ги пренесе на Западниот Брег / Photo: AA

„За жал, Израел ги префрли своите варварства од Газа на Западниот Брег“, рече турскиот министер за надворешни работи Хакан Фидан.

На заедничката прес-конференција во Љубљана со Тања Фајон, министерка за надворешни работи на Словенија, тој зборуваше за ситуацијата во Газа и Западниот Брег, кои се под израелски напади.

Фидан рече дека Израел врши окупација, угнетување, суровост и масакр во областа и ја повика меѓународната заедница да ги запре израелските злосторства на палестинските територии.

„Од 7 октомври во Газа се врши геноцид, а Израел ги прегази сите човечки вредности бомбардирајќи ги болниците, џамиите, училиштата и црквите“, рече Фидан.

Истакна дека е невозможно да се молчи пред провокациите насочени кон промена на историскиот статус кво на Ал Кудс и џамијата Ал Акса.

„Израел за жал своите варварства од Газа ги пренесе на Западниот Брег“, нагласи Фидан.

Тој наведе дека Израел се обидува да ја прошири војната на различни фронтови, и напнатоста во регионот на највисоко ниво.

„Владата на Нетанјаху продолжува да се игра со оган. Тој ја ризикува иднината на целиот регион само за да ја заштити својата фотелја. Виновни се што молчат за Газа, особено оние кои безусловно го поддржуваат Израел. Израелското варварство мора да запре веднаш“, додаде Фидан.

Фајон: Меѓународната заедница мора итно да реагира на израелските напади во Газа

Потпретседателката на Владата на Словенија и министерка за надворешни и европски работи Тања Фајон истакнаа дека меѓународната заедница мора итно да реагира на израелските напади во Појасот Газа.

„Меѓународната заедница мора итно да одговори на израелските напади во Газа, особено оние на хуманитарни конвои. Потребен е силен одговор од меѓународната заедница и затоа повикуваме на итен прекин на огнот“, рече Фајон.

Таа рече дека Словенија силно се залага за прекин на огнот во Појасот Газа.

„Неопходно е решение за две држави меѓу Израел и Палестина, Словенија силно се залага за прекин на огнот во Газа и признавање на Палестина од други земји, како и за безбедноста на Израел“, рече Фајон. Таа нагласи дека Словенија спроведува активности за постигнување одржлив мир во Газа. „Исто така, ја осудуваме секоја воена операција и насилство во Газа и на Западниот Брег. Покрај тоа, го поддржуваме воведувањето санкции против израелските лидери кои го прекршуваат меѓународното право и неопходно е итно да се достави хуманитарна помош до луѓето во Газа“, рече Фајон.

Фајон посочи и дека Словенија силно го поддржува проширувањето на Европската унија (ЕУ).

„Се согласивме дека е неопходно да се интензивира проширувањето на ЕУ и во овој контекст да се спроведат потребните активности и во земјите од регионот на Западен Балкан“, рече Фајон.

Таа нагласи и дека Словенија сака војната во Украина да заврши што е можно поскоро.

„Гледаме зголемен број цивилни жртви од октомври минатата година, инфраструктурата се уништува и нуклеарните капацитети се загрозени, а сето тоа заедно претставува закана за целата меѓународна заедница. Затоа, на следниот мировен самит, ќе се постигне поширок консензус треба да се постигне договор, но двете страни мора да бидат зад преговарачката маса“, рече словенечката министерка за надворешни работи.

AA
Популарни