Израелско-палестинскиот судир бара нов гарантен механизам, изјави шефот на турската дипломатија, Хакан Фидан.
Обраќајќи се на мировниот самит во Каиро, Египет, Фидан рече дека израелско-палестинскиот судир бара нов гарантен механизам, како и дека е неопходно да се гарантираат чекорите што страните ги преземаат за мир.
„Туркије никогаш нека да дозволи да продолжат страдањата на Палестинците“, додаде Фидан.
Тој рече дека, доколку продолжат израелските нападите, би се загрозиле глобалната стабилност и мир, со географска ескалација.
На самитот во Каиро, кој се одржува со меѓународно, арапско и учество на Обединетите нации, се дискутира за ситуацијата во Газа, иднината на палестинското прашање и мировниот процес.
Борбите започнаа на 7. октомври, кога Хамас ја почна операцијата „Поплава Ал Акса“, ненадеен напад со низа лансирања на ракети и инфилтрирање во Израел преку копно, море и воздух. Хамас наведе дека операцијата е одмазда за упадите во џамијата „Ал Акса“ и зголеменото насилство од страна на еврејските доселеници врз Палестинците.
Потоа израелската војска ја започна операцијата „Железни мечеви“ кон позициите на Хамас во Појасот Газа. Оваа операција доби димензии на неселективно бомбардирање на цивилни населби, станбени објекти, џамии, цркви, но и болници.