Фидан: Молкот на Западот за израелските напади е одобрување на беззаконието / Photo: AA

Молкот на Западот за нападите на Израел врз Газа подразбира одобрување на беззаконието низ светот, изјави денес турскиот министер за надворешни работи Хакан Фидан.

„Да се молчи за беззаконието на Израел во Газа е еднакво на давањето зелено светло за други беззаконија низ светот“, истакна Фидан на заедничката прес-конференција со министерот за надворешни работи на Босна и Херцеговина, Елмедин Конаковиќ, во Анкара.

Нечовечките напади врз Газа сè уште траат, што е навистина „извор на срам“, рече тој.

„За да се скрши отпорот, се бомбардираат џамиите, болниците и училиштата и ние не можеме да молчиме во врска со тие напади“, додаде Фидан.

„Ги повикувам западните земји да не бидат партнери во злосторствата со молчење.“

Целосниот молк на западните земји, кои имаат влијание врз Израел, за бруталноста во Газа е алармантен, нагласи турскиот министер.

Според најновите податоци на палестинските власти, од 7 октомври досега во израелските напади загинати се најмалку 11.500 Палестинци, од кои над 7.800 жени и деца, а повеќе од 29.200 се повредени.

Илјадници згради, вклучително и болници, џамии и цркви, се оштетени или уништени во немилосрдните воздушни и копнени напади на Израел врз опколената енклава.

Според официјални податоци, бројот на загинати во Израел е околу 1.200.

TRT Balkan / агенции
Популарни