Шефот на турската дипломатија Хакан Фидан изјави дека визијата на официјална Анкара за Балканот е одржување на мирот и стабилноста.
Министерот Хакан Фидан беше гостин на Уредувачкиот деск на Агенција Анадолу, каде што зборуваше за регионални и меѓународни прашања, вклучително и прашања поврзани со Балканскиот Регион и односите со Босна и Херцеговина, Косово и Србија.
Тој ја потенцираше важната улога што Туркије ја игра во регионот и истакнувајќи ја важноста од очигледното лидерството на претседателот Реџеп Таип Ердоган во регионот, додаде:
„Наша визија е одржување на мирот и стабилноста во регионот“, истакна Фидан, зборувајќи дека не треба да се повторат настаните од 90-тите години.
„Да имаме братски и длабоки односи со БиХ и Косово е наша историска обврска, но воспоставувањето добри односи и со Србија е одраз на нашето силно политичко водство“, рече Фидан.
Фидан истакна дека Туркије секогаш ќе ги поддржува суверенитетот и територијалниот интегритет на Босна и Херцеговина, нешто што го правела и досега.
Осврнувајќи се на односите со Косово, шефот на турската дипломатија рече дека неговата земја ја поддржува независноста на Косово и ќе продолжи да го прави тоа, додавајќи дека Туркије има добри односи и со Србија.