Фидан ја истакна на потребата за потполна денуклеаризација / Photo: AA

Турскиот министер за надворешни работи, Хакан Фидан, синоќа изрази загриженост дека израелското континуирано поседување на нуклеарно оружје би можело да ја зајакне трката во нуклеарно вооружување, што би довело до неповолна ситуација.

„Моментално израелското поседување на нуклеарно оружје, заедно со неуспешната денуклеаризација на регионот, ќе ескалираат во трка по нуклеарно вооружување, што ќе доведе до зголемена нуклеаризација на регионот. Ова не е поволна ситуација, ниту за регионот, ниту за светот“, рече министерот Фидан во интервју за Ал Џезира.

Шефот на турската дипломатија рече дека израелското поседување на нуклеарно оружје било познато, но непризнаена тајна долга низа години, факт за кој сите се свесни, но никој не го призна.

„Гледаме дека Израел развил своја нуклеарна способност со тоа што не застана од страна на Договорот за неширење на нуклеарно оружје, а знаеме и дека добил значителна поддршка од САД и Европа во тој поглед. Значи, тоа не е тајна“, рече Фидан.

Шефот на турската дипломатија истакна на потребата на потполна денуклеаризација на регионот и други земји со цел да се преземат мерки за јакнење на нивната безбедност, истакнувајќи ја итноста во изнаоѓање на решение за клучното стратешко прашање.

Нагласувајќи го значителниот напредок постигнат во текот на Арапско-исламскиот вонреден самит што се одржа во Ријад минатата недела, Фидан истакна дека тоа е пресвртница во поттикнувањето на соработката и солидарноста меѓу муслиманските земји.

„Муслиманските земји моментално се обединети во акциска група која ја сочинуваат Туркије, Индонезија, Нигерија, Јордан, Египет, Катар и Саудиска Арабија. Претставниците би требало да започнат дипломатски напори во разни главни градови од следната недела“, рече Фидан.

Повторувајќи дека Туркије не го признава Хамас како терористичка организација, Фидан посочи: „Нашиот претседател исто така рече, а јас повторувам, не го признаваме Хамас како терористичка организација.“

„Хамас е страна која делува во рамките на палестинскиот државен систем. Ние сме држава која ја признава Палестина, а заедно со нас, ја признаа речиси 140 земји. Затоа не ги класифицираме страните кои делуваат внатре во рамките на државата како ‘терористичка организација или не’. Хамас е реалност на Палестина, тоа е движење кое продолжи под услови на окупација. Сметаме дека кога окупацијата ќе престане и Палестина ќе се нормализира, организациите како што е Хамас ќе се вратат во нормален живот“, рече Фидан.

AA
Популарни