Фидан и Блинкен разговарале и за преговорите меѓу Израел и Хамас и за растечките тензии во регионот / Photo: AA

Турскиот министер за надворешни работи Хакан Фидан денеска во телефонски разговор со неговиот американски колега Антони Блинкен го повика Израел да избегне провокативни акции кои би можеле да доведат до натамошна ескалација на конфликтот.

Фидан разговарал со Блинкен на предлог на американскиот државен секретар.

Шефот на турската дипломатија ја нагласи потребата да се изврши притисок врз Израел за траен прекин на огнот во Газа, објави портпаролот на турското Министерство за надворешни работи Онџу Кецели.

Фидан и Блинкен разговарале и за преговорите меѓу Израел и Хамас и за растечките тензии во регионот.

„Министерот Фидан рече дека убиството на шефот на политичкото биро на Хамас, Исмаил Ханија и масакрот на Палестинците уште еднаш ја покажаа неподготвеноста на Израел да постигне мир“, рече Кецели.

Фидан, исто така, рече дека Хамас и претходно покажал конструктивен став кон прашањето за прекин на огнот.

Тензиите се високи на Блискиот Исток по убиството на политичкиот лидер на Хамас Исмаил Ханије на 31 јули во иранската престолнина Техеран и убиството на израелскиот командант на Хезболах, Фуад Шукр во Бејрут.

Хамас и Иран го обвинија Израел за убиство на Ханије, додека Тел Авив ниту ја потврди ниту ја отфрли одговорноста.

Иран вети строга казна за Израел како одмазда за атентатот на Ханија на иранска територија.

Либанската група Хезболах исто така се очекува да возврати откако Израел го уби Шукр во воздушен напад врз јужните предградија на Бејрут на 30 јули.

Ескалацијата доаѓа во време на тековната израелска офанзива на Појасот Газа во која загинаа речиси 40.000 Палестинци по нападот на палестинската група на отпор Хамас на 7 октомври минатата година во кој загинаа 1.139 Израелци.

TRT Balkan / агенции
Популарни